| четврток, 6 декември 2018 |

По 16 години Миле Стојкоски стана од инвалидска количка

mile-2--Миле повторно ги чувствува своите нозе. По 16 години во количка, советите кои ги добил во Швајцарија и Австрија му помогнале пак да застане на нозе. Утрово во студиото на Здраво Македонија на Канал 5 Телевизија Миле покажа дека има надеж количката да ја остави во минатото!

Прилепчанецот Миле Стојкоски по 16 години поминати во инвалидска количка застана на нозе. Тој со својата количка замина на олимпијадите во Атина, Пекинг и Лондон поминувајќи илјадници километри, Сег, повторно по сообраќајната несреќа од 1996 да ги почуствува двете нозе.

При неговото последно патување за да присуствува на олимпијадата во британската престолнина, тој посетил неколку центри за физикална терапија во Швајцарија и Австрија каде добил инструкции што да прави кога ќе се врати дома.

По шест месеци напорна работа, Миле денес може да стане од количката и да стои по неколку минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top