Нова лажна пријава вечерва ја активира единицата за антитеоризам. Овој пат се работело за анонимно јавување за поставен експлозив во зградата на македонското собрание, која била јавена телефонски околу полноќ. По јавувањето,единицата за антитероризам излегла веднаш на терен, а лицата што во тоа време биле присутни во Собранието биле евакуирани.
Во собраниската зграда имало само мал број луѓе, од дежурните служби и од обезбедувањето. Единицата за антитероризам направила проверки во внатрешноста на зградата, како и во околината на објектот, при што не била пронајдена никаква експлозивна направа.
По направените дополнителни проверки, било утврдено дека лажната пријава за бомба била испратена од телефонска говорница во Казнено-поправниот дом „Идризово“.
Пред само неколку дена имаше слично јавување, при што лице во пијана состојба се закануваше дека ќе ја ракетира зградата на Владата. Таа пријава, исто така, беше лажна и по кусата проверка, беше откриено лицето што се заканувало. Беше утврдено дека лицето што анонимно се јавило било под дејство на алкохол. Истото се јавило на телефонскиот број 192 и ја алармирало полицијата дека за 16 минути две ракети ќе ја уништат Владата на Македонија во Скопје.
Полицијата веднаш преземала мерки, по што утврдила дека станува збор за 60-годишниот С.Ј од Скопје. При претресот кај него бил пронајден мобилниот телефон од кој се јавил на 192. Тој во разговор со полицијата изјавил дека сакал да привлече внимание врз себе поради незадоволство за, наводно, спорна одлука на Општина Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст