Дотолку повеќе лагите и манипулациите од соросовите медиуми излегуваат на виделина за што сведочи и фактот што токму трудовиот инспекторат е раководен од кадарот на ДУИ, Алајдин Авзиу, а не од кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Соросовите опозициски медиуми кои важат за блиски до СДСМ излегоа со информација дека трудова инспекција влегла на проверки во општината Тетово, која е под водство на градоначалникот од ДУИ, Теута Арифи и тоа го опишуваат манипулирајќи како еден вид на реваншизам поради непостигнувањето на договор за Влада со ВМРО-ДПМНЕ.
Но, вистината е далеку од оваа обликувана лага. Имено, дознаваме дека се работи за редовно работење на трудовиот инспекторат и дека исти такви проверки се водат паралелно и во повеќе други општини каде градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според информациите, се работело за редовно работење на службите, а една од општините каде е извршена контрола е општината Велес, каде градоначалник е Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ. За таквата проверка ниту беше крената фама, ниту пак се доведе во политичка конотација.
Дотолку повеќе лагите и манипулациите од соросовите медиуми излегуваат на виделина за што сведочи и фактот што токму трудовиот инспекторат е раководен од кадар на ДУИ, Алајдин Авзиу, а не од кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Се работи за очигледна тенденција за отворено манипулирање какво досега е видено на многу пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст