Службата за паркови и див свет на Тасманија вработува две лица кои ќе се грижат за светилникот на еден оддалечен остров.
Двојката ќе живена островот Матсакер, шест милји од брегот на Тасманија, во рок од шест месеци. Единствен излез ќе биде хеликоптер за итни случаи или посета на копното за храна и останати потреби еднаш на три месеци.
Се што е потребно е да можете самите да се грижите за себе, да сте во добра здравствена состојба и дека сте во состојба да ги одржувате објектите, постројките и опремата.
На островот имате дом од четири спални соби и светилник, а тука е и богатиот див свет, кој вклучува пингвини, галеби, фоки и ластовици.
Смените се во март и септември. Иако конкурсот за оваа тура истече, наскоро ќе биде отворен повторно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.