Генералниот секретар на Собранието попладнево испратил допис до Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во кој информира дека до Парламентот до синоќа на полноќ, кога истече рокот, не е доставена програма и предлог за составување нова влада од страна на мандатарот Никола Груевски, соопштија за МИА од собраниската прес-служба.
Од Кабинетот на претседателот претходно информираа дека по добивање официјално известување од страна на Собранието на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии.
-Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада, наведоа од кабинетот на Претседателот на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.