Властите во Дамаск ги повикаа сириските бегалци да се вратат во државата.
Апелот бил упатен од сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем.
– Ги повикуваме сириските бегалци, кои се во соседни држави да се вратат во Сирија. Сириската Влада е подготвена да ги прифати и да им обезбеди достоинствен живот, изјави тој.
Муалем го изјави тоа на средба во Дамаск во високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Филипо Гранди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.