| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија исклучена од американските миграциски ограничувања

Велика Британија ќе биде исклучена од указот на американскиот претседател Доналд Трамп за новите правила на миграциските ограничувања, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Исклучокот ќе биде за натурализираните британски граѓани, кои имаат државјанство на една од седумте земји за кои се наменети имиграциските ограничувања.

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон го договорил исклучокот во разговори со американската администрација, се посочува во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.

Лицата со двојно државјанство – британско и некое од седумте земји опфатени со указот – ќе бидат подложени на дополнителни проверки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top