| четврток, 6 декември 2018 |

„Иселеничка грамота“ годинава во Сиднеј и во Малме

грамотаЖаклина Михајлова  и Лилјана Стоилковска-Андовска  се годинешните добитнички на „Иселеничка грамота“ – традиционална награда на Матицата на иселениците за најдобра објавена поетска книга од македонските иселеници.

– Двете поетски книги се издвојуваат од останатата поетска продукција со својата заокруженост и целовитост, тематско-мотивските содржини и изразно-стилските постапки, стои во образложението на жирито, во состав: Христо Петрески, Ефтим Клетников, Иван Чаповски, Вера Стојчевска Антиќ и Елена Оровчанец-Спироска .

Наградата на Жаклина Михајлова од Сиднеј за стихозбирката „Од по жица“ и на Лилјана Стоилковска-Андовска од Малме за поетската книга „Аксиос“  ќе им биде врачена идниот месец, на поетската манифестација „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Целта на наградата „Иселеничка грамота“ е да го мотивира и  вреднува творештвото на авторите од Македонија кои живеат во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top