Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски и официјално стави потпис на договор со јапонскиот прволигаш Јокохама Маринос.
Откако пред неколку денови се приклучи на подготовките на тимот за новата сезона, Бабунски денеска и официјално се договори за продолжување на својата кариера на Далечниот Исток.
– Од првиот момент кога се отвори можноста за преселба во Јапонија, веќе одлучив. Ја сакам оваа земја и нејзината култура. Крајно благодарен сум на Јокохама за можноста да продолжам со развојот на мојата кариера. Верувам дека ќе ја оправдам довербата на клубот – истакна Бабунски по потпишувањето на договорот, за официјалната интернет страница на клубот.
20-годишниот Бабунски изминативе шест месеци беше дел од белградска Црвена Звезда. Но, откако не успеа да се наметне за поголема минутажа во редовите на „црвено-белите“ се одлучи за заминување од Белград. Претходно, македонскиот младински репрезентативец, како што е познато, ги мина комплетните младински школи на шпанскиот гигант Барселона, а настапуваше и Б-тимот на Каталонците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент