| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто треба да им бидете благодарни на водолиите?

Водолиите се индивидуалисти, понекогаш чудни за другите поради нивното размислување, но тие се едни од најдобрите пријатели во хороскопот. Ова се некои работи за кои треба да бидете благодарни доколку имате Водолија во својот живот.

За нивната искреност

Бидете им благодарни за тоа што секогаш ви ја кажуваат вистината дури и тогаш кога најмногу боли, што секогаш знаат како се чувствувате и секогаш сакаат да ви помогнат, но на многу реален и искрен начин.

За нивната лојалност

Заблагодарете им се на Водолиите кои ви се пријатели од времето кога имавте 5,10 или 15 години. Тие секогаш ве бранат од другите кога ви е потребна помогш и секогаш се тука за вас во лошо и добро.

За нивниот слободен дух

Водолиите се оние луѓе кои секогаш ќе ве инспирираат да ги скршите правилата и да креирате свои, да верувате во себе и да ги следите своите соништа. Тие ќе ве потсетат дека животот е краток и дека треба да уживате во него.

За тоа што го гледаат најдоброто од вас

Тие се оние кои се восхитуваат на вашиот талент, кои го забележуваат вашиот скриен потенцијал и кои забележуваат мали, ситни детали кои другите не ги гледаат. Тие во вас гледаат како на уметност и ви се восхитуваат онакви какви што сте.

За тоа што ве инспирираат да го следите своето срце

Тие се оние кои ќе ве натераат да кажете „те сакам“, да пратите први порака на личноста која ви се допаѓа и тие се луѓето кои ќе ве потсетат дека бајките постојат ако самите ги создадете.

За тоа што ве прифаќаат онакви какви што сте

Тие не се грижат за начинот на кој се облекувате, за вашите избори од минатото туку дозволуваат да бидете тоа што сте и да ве сакаат токму поради тоа.

За нивната љубезност

Заблагодарете им се за тоа што имаат големо срце, кои ја чувствуваат вашата болка и кои секогаш веруваат во вас. Тие ве разбираат без да зборувате, го читаат вашиот ум кога мислите дека никој не ве разбира и ви помагаат и тогаш кога нема да го побарате тоа од нив.

За тоа што се борци

Тие се борец за своите пријатели, за правдата, за следење на соништата и за самите себеси. Тие секогаш ќе застанат позади сите оние на кои им е потребна помош.

За тоа што ви даваат простор

Заблагодарете им се поради тоа што секогаш ќе ви дадат онолку простор кој ви е потребен, без да се жалат за тоа. Тие ќе го кренат телефонот и тогаш кога не сте им се јавиле со месеци и секогаш ќе ве пречекаат со отворени прегратки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top