Проширувањето на ЕУ нема да запрен, порача британскиот премиер Дејвид Камерон за време на средбата со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ во Лондон.
– Убеден сум дека Хрватска ќе биде пример за другите земји од регионот, бидејќи проширувањето на Унијата нема да престане, потенцираше британскиот премиер.
Јосиповиќ, кој престојува во повеќедневна посета на Велика Британија, пред новинарите изјави дека Камерон бил многу отворен и наклонет кон Хрватска, како и дека за официјален Загреб е многу важно да за партнер има некој како што е Велика Британија, и покрај, како што рече, честите различни ставови за институционалниот и економски развој на Европа.
– Ние имаме свои обврски од пристапниот договор. Тие го вклучуваат и еврото, а од друга страна мораме да разбереме дека некои земји имаат поинакви позиции. Ќе биде потребен голем напор за да се најде формула која ќе овозможи натамошен развој на Европа, уважувајќи ги специфичностите на одредени држави, рече Јосиповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


