| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Секој заслужува почит без разлика на верата

federika-mogerini

Секој заслужува почит без разлика на верата, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во текст посветен на мигрантите. ­

– Секој човек заслужува почит, без разлика на верата, полот или националноста, вели Могерини во текстот за блог, под наслов „Пред очите на сириските деца“, без во него да го спомене американскиот претседател Доналд Трамп. ­

– Мошне чудно е што тоа треба да го повториме само два дена по Денот во спомен на жртвите на Холокаустот, рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top