| четврток, 6 декември 2018 |

Сè ни се урна: Неда Украден проговори за страшната трагедија

неда

Неда Украден реши да проговори за тешките моменти низ кои минала со своето семејство во текот на деведесетите години кога преживеала материјална и емотивна загуба.

Имено пејачката открила дека деведесетите за неа и нејзиното семејство биле кобни.

-Јас во 90-тите години доживеав комплетна катастрофа. На моето семејство и мене се ни се сруши. Од минирана куќа до сите работи и материјални, морални, етички… на кои почивавме, растевме, бевме израснати, така што тоа беше една страшна трагедија. Требаше од тоа да излеземе со здрава глава – рекла Неда.

Пејачката откри и каде ја пронашла силата за да ги протурка тие денови.

-Мене пред се ме охрабри моето семејство. Ми даде позитивен став. Имав дете за кое требаше да се грижам, имав и стари родители за кои требаше да се грижам, така што немаше место за депресија или очај. И морав да функционирам. Ми помогна и работата и песната – рекла Неда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top