М0мчето тврди дека забраната ја добил бидејќи судијата сметал оти тој намерно возел таков автомобил.
Адам Елиот кој има 26 години и е од Њукасл, Англија, е осуден за невнимателно и опасно возење.
Тој управувал автомобил Форд Ка и бидејќи е превисок за таква кола тој морал да ја извади својата глава надвор преку сончевиот покрив.
Адам кој препродава автомобили бил обвинет од судијата дека намерно се фалел со својата висина, а со тоа ги ставал останатите учесници во сообраќајот во опасност бидејќи тој со својата појава им го одвлекувал вниманието.
Иако Адам тврдел дека автомобилот го возел за да го испорача на муштерија, судијата тоа не го земал во предвид и му издал забрана од 12 месеци за управување со моторно возило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.