| четврток, 6 декември 2018 |

„Астана 2013“: Собир на истокот и на западот

Казахстан е една од најбрзорастечките земји во развој и земја која не доживеа намалување на економскиот раст и покрај кризата од изминативе пет години. На актуелниот форум „Астана 2013“ во земјата има 130 држави од азија и од ЕУ.

астанаВрз Казахстан не влијаеше глобалната економска криза и не се намали економскиот раст. Тоа е меѓу најбрзорастечките земји во развој која ги спојува северот и југот во Азија и е транспортен коридор од Кина кон Русија и западна Европа, смета првиот човек на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, кој е дел од економско-политичката делегација на овој Форум предводена од премиерот Груевски.

Огромните извори на нафта и гас, Казахстан го прават меѓународен фактор. Македеонија тука има два интереса. Прво, македонски градежни, но и фармацевтски компании да влезат на локалниот пазар. А второ е казахстанскиот државен фонд, кој разгледува потенцијалните места за инвестирање, објаснува Мизо.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top