| четврток, 6 декември 2018 |

Водич за преживување на првата средба со поранешниот партнер

Вечна дилема! Како да се преживее првата средба по раскинувањето на врската со поранешниот партнер? Можеби веќе има нова врска? Што ако го/ја сретнам со новиот партнер? Најдобро е да бидете подготвени и да не дозволите ништо да ве изненади.

Знаете дека некогаш ќе се сретнете, можеби и мислите дека сте потполно подготвени за тоа, но во повеќето случаи таа прва средба е прилично чудна. Еве како да го преживеете тоа без многу стрес

Не мора да се сретнете

Секогаш треба да имате на ум дека е сосема во ред да се игнорира поранешниот/поранешната  доколку го/ја  видите и доколку помислите дека не сте подготвени за средба. Доколку можете да избегнете и доколку мислите дека тоа е најдобра опција, направете го тоа без многу расмислување. Ништо не ѝ/му должите.

Не трудете се премногу

Бидете подготвени и не обидувајте се да го нагласите тоа дека ви е многу добро откако не сте заедно. Кратко позборувајте со поранешниот партнер, сослушајте што има да каже и тргнете понатаму. Ако се задржите предолго, ќе помисли дека му недостигате, а веројатно тоа не го посакувате.

Бидете љубезни

Доколку е со нова девојка (момче), бидете пристојни и однесувајте се нормално, не бидете безобразни и да покажете дека тој/таа ви пречи, но не глумете и дека сте воодушевени од нејзината/неговата појава затоа што сите ќе знаат дека тоа не е вистина.

Вие треба прво да си одите

Најдобро е вие да го иницирате одењето и да кажете дека брзате некаде, затоа што така ќе изгледате дека сте го преболеле раскинувањето, па дури и по цена и да сакате да заплачете поради средбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top