Во вчерашната Топ тема на Телма, гостин беше Христијан Мицкоски, директор на ЕЛЕМ кому му поставуваа прашања новинарите Боби Христов, Горан Теменугов, Зденка Павчовиќ и Мирко Трајановски во врска со работењето на АД ЕЛЕМ. Мицкоски со факти и аргументи им ги разби сите можни конструкции. Теменугов пред Мицкоски ги постави тезите на опозицијата, дека зимата ги изненадила од АД ЕЛЕМ и дека платиле повисоки цени затоа што не биле подготвени да ги покријат потребите за Јануари. Мицкоски многу стручно и во детал му објасни на Теменугов.
-МЕПСО увезе затоа што го имаше претпоставено билансот на потрошувачот и ако го погледнете тој биланс, ќе видите дека во јануари се предвидени определени количини на електрична енергија кои што се потребни за да се задоволат потребите на тарифните потрошувачи. И ако тоа го споредите со реалниот физички конзум кој што се случи во јануари ќе видите дека имаме отстапување кои се поголеми од 30 проценти во одредени денови. Да речеме на 11 јануари тие отстапувања се 38,5 процети. доколку се случеше реалното сценарио да ние имаме физички конзум колку што беше претпоставен во енергетскиот биланс усвоен минатата година за оваа година, ние ќе немавме потреба од увоз. Да бидам попрецизен, наеднаш потребите на граѓаните во месец јануари се зголемија, заради времето и други причини, се зголемија, до овој момент 25 јануари, за повеќе од 20% виза ви она што беше предвидемо во декември. Доколку се случеше сценариото предвидено во декември, во јануари ние немаше да увеземе ниту еден мегават час, бидејќи расположивиот произведствениот потенцијал на АД ЕЛЕМ ќе ги задоволеше потребите на тарифните потрошувачи. Ние не го вршиме увозот, туку ние сме обврзани со одлуката на регулаторната комисија да ги обезбедиме неопходните количини на електрична енергија потребни за тарифните потрошувачи. Дали ќе ги увеземе или ќе ги произведеме тоа зависи од билансот кој што ќе го добиеме од снабдувачот на тарифниет потрошувачи. Во случајот ние добивме биланс и на крајот на декември кога го согледавме билансот, ги согледавме нашите расположливи капацитети хидро и термо, констатиравме дека 14, 800 мегават часови можеме да ги произведеме. Но никако не можеме да произведеме 20.000 мегават часови колку што се случија на 11 јануари- додава Мицкоски.
– Зимате не изненади исто како што ја изненади цела Европа, како што ја изненади Германија, Франција Романија, Бугарија и Грција исто така и нас не изненади.За разлика од овие земји ние успеавме да ја оставиме границата отворена и да ги задоволиме потребите на тарифните потрошувачи- оцени Мицкоски и дополнително објасни:
-Да напраивме увоз на електрична енергија за да го надополниме недостатокот на електрична енергија, но сето тоа ќе биде покриено од оние вишоци кои што ги направивме во Ноември и во Декември, како и дополнителното производство кое што до овој момент е преку 10,28 % во првите 25 дена во Јануари и очекуваната ниска цена која што ќе ја набавуваме во Март и во Април.
– Во овој момент ние имаме методологија со која што ја калкулираме сливните подрачја, односно снежната покривка и во овој момент имаме помеѓу 400 и 500 Гигават часови електрична енергија, Јануари сеуште не е завршен , а ние имаме помеѓу 400 и 500 Гигават часови електрична енергија, тоа значи 1/3 односноедно полнење на тие хидроелектрани во една година ние тоа ќе го обезбедиме само во првите 25 дена од месец Јануари и тоа ни дава доволна сигурност дека на пролет ќе имаме доволно производство и ќе имаме сериозни вишоци кои ќе можеме да ги пласираме на пазарот- потенцира Мицкоски.
Мицкоски исто така увери дека, за регулираниот период 1 Јули 2016 година – 30 Јуни 2017 година АД ЕЛЕМ нема да побара зголемување на цената на електричната енергија како резултатат на нејзиното работење. Мицкоски потенцираше дека производот на АД ЕЛЕМ од овој момент за два месеци ќе нема граници во Европа
-Ние почнуваме да размислуваме претприемнички. Отвараме компанија во соседна држава, компанијата во соседна држава во овој момент има лиценца од понеделник е веќе активна на пазарот во таа соседна држава. Отвараме компанија во земја членка на ЕУ, која што ќе ни овозможи исто така да тргуваме и да разменуваме електрична енергија во границите на ЕУ- истакна Мицкоски во вчерашното гостување во Топ Тема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Најчевска: Наш главен интерес треба да биде самото бегство, на здрав памет нѐ прават будали