| четврток, 6 декември 2018 |

Менор се откажа, следната сезона во Формула 1 ќе возат десет тимови

menor formula 1

Формула 1 на почетокот на новата сезона ќе биде со еден тим помалку, откако на два месеци пред почетокот на шампионатот, крај на своето постоење објави британскиот тим Менор. Во својата историја тимот на Менор освои бодови само на две трки, но ќе остане запаметен по трагичната смрт на нивниот возач, Жил Бјанки во 2015 година.

Менор во најбрзиот циркус влезе под името Вирџинија Рејсинг во 2010 година, кој беше во сопственост на Ричард Бренсон, но тој тимот го продаде на руски сопственици, кои го променија името во Маруси. Минатата година нов сопственик стана Стефан Фикпарик, кој го смени името на тимот на Менор.

Единствените бодови ги донесоа сега веќе загинатиот Бјанки, во Монако во 2014 година и Паскал Верлајн минатата сезона во Австрија. Тимот на Менор минатата година заврши на последното место во пласманот на конструктори, со што остана без награден фонд, а тоа беше една од причините за прогласување на стечај.

Новата сезона во Ф1 започнува на 26 март со трката во Австралија, а со откажувањето на тимот на Менор, таа ќе започне со десет пријавени тимови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top