| четврток, 6 декември 2018 |

Дувњак и навивачите со подршка за Хорват: Него сега му е најтешко

zlatko horvat

Златко Хорват беспрекорно ги изведуваше пеналите во текот на мундијалот во Франција, но се е попусто кога крилото на Загреб го промаши клучниот седмерец, оној што ќе значеше пласман на Хрватска во финалето од ова Светско Првенство. Шокот кај сите ракометари по несреќниот пораз беше огромен, но Хрватите во еден глас му искажаа поддршка на својот репрезентативен колега.

– Хорват е машина, тој играше по 60 минути на секој натпревар и го оставаше срцето на терен. Нема што да се каже, тој изгина на теренот, но Бог не го награди. Се надевам дека ќе добие нова слична шанса на големите натпреварувања, бидејќи станува збор за играч со огромно срце. Знам дека сега му е многу тешко, но тој знае дека ја има поддршката на целиот тим – изјави капитенот Домагој Дувњак.

Поддршка до искусниот ракометар стигна и од дел од хрватските фанови во Париз, кои даваа изјави за телевизиите од оваа земја по натпреварот.

– Како може да му замериме, тој најмногу од сите сакаше да даде гол, сега му е најтешко. Секако дека сите сакавме да бидеме дел од финалето, но во секој случај сме горди на момците кои оставија срце на терен – порачаа фановите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top