| четврток, 6 декември 2018 |

Почина британскиот актер Џон Харт

Британскиот актер Џон Харт почина во Лондон на 78-годишна возраст, по долгата борба со рак на панкреасот.

Харт во 2015 година објави дека има рак на панкреасот, но тогаш најави дека ќе продолжи да работи.

Тој глумеше во повеќе од 200 филмови и серии во текот на шестдецениската кариера.

Харт е најпознат по улогите во филмовите „Човек слон“, за која беше номимниран за Оскар, „Полноќен експрес“ и „Осмиот патник“.

Исто така играше во две продолженија на серијалот Хари Потер, во кои го толкуваше ликот на продавачот на волшебни стапчиња, Гарик Оливандер.

Харт е роден во Честерфилд, а актерската кариера ја почнал во ’60-те години од минатиот век. Добитник е на бројни признанија, меѓу кои еден Златен глобус и четири Бафта награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top