| четврток, 6 декември 2018 |

Џејмс Матис положи заклетва како нов министер за одбрана на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп присуствуваше вчера во Пентагон на церемонијата на која генералот Џејмс Матис положи заклетва како министер за одбрана.

Во таа прилика Трамп рече дека Матис е „човек полн со акција“ и додаде дека поранешниот генерал целиот свој живот го посветил на служење на САД.

Трамп во Пентагон потпиша две уредби, за реформа на вооружените сили и за воведување екстремни проверки со цел да се спречи доаѓањето на радикални исламисти во САД.

– Не ги сакаме тука, рече Трамп, додавајќи дека во САД можат да бидат примени само луѓе, кои ја поддржуваат таа земја.

Во врска со уредбата за реформи на вооружените сили таа се однесува на плановите за набавка на нови авиони, бродови и ресурси за американската војска.

– Никој нема да ја доведува во прашање нашата воена сила, но ниту нашата посветеност на мирот. Ние сакаме мир, рече Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top