Хладно пиво, едно од култните имиња на балканската рок сцена на 24 февруари гостува со самостоен концерт во Скопје.
Најголемиот хрватски претставник на панк рок естетиката, предводен од Миле Кекин, ќе настапи во МКЦ, во рамките на големата турнеја со последниот албум “Дани затворених врата”.
Бендот доаѓа со респектабилниот опус од три децении кариера и последниот студиски албум, најавувајќи енергично концертно пакување! Инаку, дечките познати во регионот по хитовите “Питала си ме”, “Није све тако сиво”, “Само за тај осјечај”, “Пјевајте нешто љубавно” важат за состав кој покрај одличната музичка подготвеност се наметнува и со проникливите текстови, пренесувајќи ја критиката на општественото секојдневие и пораката за социјално свесната публика. Билетите за концертот во претпродажба ќе чинат 400, а 500 денари на денот на концертот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.