| четврток, 6 декември 2018 |

Густ сообраќај надвор од градовите

avtopatСообраќајот низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Се уште дел од патот Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

Исто така градежни работи се изведуваат и на патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, како и на патниот правец Прилеп – Градско пред тунел Фариш.

Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top