
Никола Србов
Доколку направиме споредба со САД, кои се 150 пати поголеми од Република Македонија, ќе дојдеме до бројка од неколку милијарди евра годишно да се влеваат во САД и да се користат за кампањата на една партија или личност и, пред сè, за оцрнување на опонентот. Во просек, партиите во САД трошат по една милијарда долари за предизборна кампања, а доколку таму би влегол Сорос, како што е влезен во Република Македонија, тогаш овие една милијарда на партиите ќе изгледаат смешни во однос на неколкуте милијарди на Сорос на годишно ниво, или помножено со четири на изборен циклус што се одржува на четири години. Како ви звучи ова? Сепак, станува збор за огромни суми пари против кои тешко би излегла на крај и првата светска суперсила, што, впрочем, го гледаме и деновиве со протестите против Трамп.
Во Република Македонија имаме уште посложена ситуација, тука на тие пет милиони годишно се додаваат и милионите што пристигнуваат од УСАИД, од американските даночни обврзници, кои не ни знаат каде завршуваат нивните даноци, дека тука со нив се финансираат тоталитаристи. Претходната администрација на САД од УСАИД направи подружница на Сорос со кого влегоа во целосна соработка. УСАИД ги дава средствата, а Сорос ги одобрува по проекти, се разбира, за да добиеш грант од УСАИД треба Сорос да ти го одобри проектот, а тој би ти го одобрил само ако ти ветиш дека ќе се бориш против твојата држава и народ по секоја цена.
Во 2014 година Постојаниот поткомитет за истраги под палката на Стејт департментот почна истрага во Израел за начинот на кој биле потрошени 350 илјади долари, да бидеме реални, оваа сума е смешна за сумата што се влева во Македонија. Станува збор за грант од 350.000 долари доделен од Стејт департментот на организација што работела на мировни преговори и разбирање меѓу Израел и Палестинците. Грантот бил во траење од 14 месеци, завршил во ноември 2014 година, веќе во декември 2014 година, по падот на мировните преговори, биле распишани изборите во Израел. По завршувањето на грантот организацијата ја користела истата инфраструктура, но сега со цел да влијае на изборите. Се нашле некои паметни луѓе во Израел и алармирале во Вашингтон. Сенаторот Тед Круз веднаш поднел барање да се води истрага за начинот како се трошат средствата на даночните обврзници на САД. Истрагата ја предводел сенаторот од Охајо, републиканецот Роб Портман. По брза постапка била спроведена истрагата, на крајот било заклучено дека не била направена реална штета на терен. Но многу е важен заклучокот што бил донесен, и покрај тоа што не била направена штета, Стејт департментот заклучил дека вакво нешто не смее да се повтори никогаш во иднина, дека не смее со парите на даночните обврзници на САД некои организации да ги уриваат пријателските односи со нивниот најголем сојузник на Блискиот Исток, Израел. И цела организација била исечена во корен, невладина организација не смее да фаворизира ниту еден субјект на политичката сцена, а уште повеќе не смее, како кај нас, директно да работи за еден политички субјект.
Во 2008 година Република Македонија и Соединетите Американски Држави потпишаа договор за стратегиско партнерство, денешното вмешување на Соросовите организации во политичкиот живот во Македонија, потпомогнати со пари од УСАИД, директно влијаат на односите меѓу двете пријателски земји. Затоа многу е важно да се алармира новата администрација во САД за ситуацијата во Република Македонија, да имаат јасна слика како некој со нивни пари го урива државниот поредок на нивниот стратегиски партнер на Балканот.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


