Се претпоставува дека разбирањето на шегите или вицовите се еден вид мерило на интелигенцијата. Се бараат брзи мисли за да се разбере зошто зборот во чуден контекст е смешен. Потребна е и брза реакција.
Според новата теорија, ако разбирате црн хумор, поголема е веројатноста дека сте интелигентни.
Новата студија е објавена во магазинот „Когнитивно процесуирање“ и тестира дали склоноста кон црниот хумор е знак за интелигенција.
Резултатите покажале дека тоа е точно.
Тимот од истражувачи, предводен од Урлик Вилингер од Медицинскиот универзитет во Виена, испитувал 156 учесници за да го оцени нивното уживање и разбирање на 12 цртани филма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.