| четврток, 6 декември 2018 |

Црногрец се капел гол во фонтана во Болоња и викал „Слободна Црна Гора“

Црногорец неколку пати се искапел гол во фонтана во италијанскиот град Болоња и извикувал „Слободна Црна Гора“. Необичната глетка привлекла многу минувачи кои го фотографирале, а фотографиите ги објавиле на фејсбук.

Италијанската полиција го убедила да излезе со употреба на сила, а потоа замотан во пешкир бил однесен во полициска станица. Оттаму е пуштен со обвинение за непочитување на правилата на пристојно однесување на јавни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top