На 4 март доаѓаат две големи музички легенди, кои за првпат ќе имаат заеднички концерт во Скопје. Заедничкиот неколкучасовен музички спектакл на Оливер Драгоевиќ и Златан Стипишиќ–Џибони е закажан во „ВИП Арената Борис Трајковски“, а билетите веќе се пуштени во продажба.
Двајцата великани на хрватската музичка сцена во Скопје доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ја претставуваат својата „Фамилија”, заеднички материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки.
– Фотографијата за омотот на албумот ја направи синот на Оливер, Давор, додека, пак, дизајнот е на мојата ќерка Тања. Насловната фотографија е од 80-тите години, а на неа се наоѓа семејството Драгојевиќ. Сите се прашуваат каде сум јас на неа, а јас им одговарам дека можам да бидам само мајмун на таа фотка – изјави Џибони по промоцијата на материјалот, кој речиси во сите поголеми градови во Хрватска веќе имаше и концертна промоција.
Освен темите од новиот материјал Драгоевиќ и Џибони пред домашната публика ќе ги отсвират своите најголеми хитови, а се подготвуваат и неколку изненадувања. Бидете сигурни дека Драгојевиќ и Џибони подготвуваат огномент од емоции, велат организаторите „Гуливер Милс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.