| четврток, 6 декември 2018 |

„Отело“ на Дејан Пројковски во Турски театар поздравена со бурни аплаузи

„Отело“ на Вилијам Шекспир, а во режија на Дејан Пројковски синоќа во просториите на „Театар Комедија“ на малата сцена беше премиерно изведена и поздравена со бурни аплаузи. Во претставата играат актери од Турскиот театар.

Одлична игра на актерите, необични и уникатни режисерски решенија и специфична сценографија, ја карактеризираат оваа Шекспирова трагедија.

Главната улога ја толкува Џенап Самет, Дездемона ја игра Сузан Акбелге, во улогата на Јаго е Селпин Керим, Касио го игра Осман Али, Емилија ја толкува Зубејде Али и како Родриго се појавува Неат Али.

Кореографијата е на Олга Панго, музиката на Горан Трајковски, сценографијата е на Татјана Христоска-Блажевска, а костимите на Тања Кларис. Преводот го изработи Оздемир Нутку, а за кунгфу-мајсторските потези помогна Влатко Здравковски.

Претставата се изведува на турски јазик со титл на македонски јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top