Некогаш бабите на новороденчињата им врзувале црвено конче околу раката за да ги заштитат од уроци, а денеска црвено конче не само што може да се купи во продавница, туку се продава и во златарниците. Продавачите профитираат продавајќи црвен конец дополнет со приврзок срце, потковица, ѕвезда, делфин.
Културата на носење црвено конче се објаснува со верувањето дека одвраќа лоша енергија и лоша среќа, а Евреите сметаат дека овој свет конец има заштитна улога, па некои се мотаат со кончиња донесени, наводно, од Ерусалим.
Психолозите потврдуваат дека црвениот конец има моќ, но таа моќ со нивниот речин се нарекува автосугестија и никако поинаку.
Луѓето што носат црвено конче или го носат поради суеверие или за мода. Доколку се работи за суеверие, тие лица се несигурни, кои веруваат дека некој друг може да им влијае на животот и на околностите, па бараат механизам како да се одбранат од нешто што всушност и не постои, па така со автосугестија се самоуедуваат дека се безбедни, па подобро се чувстуваат.
Врзувањето конче е чисто суеверие и во православната вера нема никакво значење. Луѓето дури имаат обичај да им го врзуваат на бебиња за да ги заштитат од уроци, но уроците се само суеверие.
Исто така, луѓето веруваат дека црвениот волнен конец околу зглобор на раката штити од ревма, но и тоа е суеверие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…
-
Денеска се слави Свети Лав Катански: Малкумина знаат, но денеска мора да се чувате од оган!
-
Колку добро ја познаваме Библијата? Ова се 12 неточни работи во кои верува секој христијанин…