Вчера заврши дводневниот настан „Заедница за сите“– проекција на документарни филмови и дебата за процесот на деинституционализација на лицата со попреченост, во организација и по иницијатива на Здружението „Солем“. Целта на настанот беше, преку документарните филмови на хрватскиот автор Томислав Жаја, да ги покрене прашањата за правата и потребите на лицата со попреченост. Истовремено, целта беше да се отвори и темата за начините на кои може да се подобрат состојбите, и да ги седне на маса експертите од различни области за преку дијалог, споделување на искуства и заедничка соработка да се направат значајни чекори напред кон процесот на деинституционализација.
На дебатата, говорниците дадоа свој придонес кон актуелизација на темите за активна асистенција преку лични асистенти, стручна обука за вклучување во работниот процес, иницирање и охрабрување за започнување на социјално претприемништво, како и креирањето на универзален архитектонски дизајн како првиот чекор кон вистинска инклузија на лицата со попреченост.
Маријана Јанковиќ, клучен експерт во проектот поддржан од ЕУ („Промоција на услуги за социјална инклузија“) и раководител на програмата за вработување и лична асистенција во Загреб, го објасни моделот на лична асистенција во процесот на вработувањето и значењето на поддршката која се фокусира на можностите на лицето со попреченост. Од аспект на експерт кој работи на ваков систем во Македонијa, таа го изложи и објасни концептот на личен асистент, како неопходна поддршка на лицата со попреченост во секојдневното жиевеење и како поддршка на нивните семејства.
Наташа Димитровска, од Здружение „Солем“, накратко го објасни процесот на деинституционализација и досегашниот прогрес во Македонија, истакнувајќи го повеќе самоодредувањето и самозастапувањето за лицата со интелектуална попреченост, како уште еден од исклучително важните аспекти за исчекор кон целосна инклузија на лицата со попреченост. Во дебатата се вклучија и дадоа свој придонес и претставници од заедницата, РЦПЛИП „Порака наша“ од Куманово и РЦПЛИП „Порака“ од Скопје, како и претставникот од Народниот правобранител и шведската амбасада, и претставниците од „Отворете ги прозорците“, Снежана Матовска заедно со Александар Матовски – Цако.
За значајноста на проектирањето и градењето на живеалишта и институции по моделот на универзален дизајн, свое гледиште изнесе Мартин Пановски, претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Укажувајќи на функционални проекти и градби кои веќе и постојат во Македонија, дополнително ја потенцираше потребата и можноста за адаптација на веќе постоечките градби, со цел нивна целосна пристапност.
Искра Росо од Здружение „Солем“ низ примери се надоврза и укажа на проблемите со пристапноста кај нас, како и фактот колку едноставно пристапноста може да се подобри преку универзалниот модел. Свој придонес во дискусијата дадоа и гостите-претставници на институциите: претставниците од МАТА, Заводот за рехабилитација на деца и младинци Топаанско Поле, Институтот за социјална работа и политика при Филозофскиот факултет од Скопје и претставникот на Македонија 2025.
Настанот беше заокружен со промоција на специјалното претприемништво, каде преку свои штандови се претставија организациите „Арно“, „Лице в лице“, „Порака наша“ Куманово и „Солем“.
Овој настан, уште еднаш ја истакна потребата од заедничка работа на заедниците, организациите и институциите во подобрувањето на состојбата и зајакнување на лицата со попреченост преку процесот на деинституционализација со цел нивна потполна инклузија во македонското општество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст