| четврток, 6 декември 2018 |

Крај за уште еден холивудски брак – Скарлет Јохансон се разведува

skarlet

Скарлет Јохансон е пред развод. Холивудската ѕвезда и Французинот Ромен Дорјак ставија крај на 2-годишниот брак

Странските медиуми стигнаа до информација дека тие се разделени уште од летото. Двојката има двегодишна ќерка – Роуз Дороти.

Скарлет и францускиот новинар ја објавија свршувачката во септември 2013 година, а една година подоцна запливаа во брачните води. Претходно убавата актерка две години беше во брак со Рајан Рејнолдс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top