| четврток, 6 декември 2018 |

Медлин Олбрајт ќе премине во ислам?

medlin

Поранешната американска државна секретарка, демократката Медлин Олбрајт, изјави дека ќе премине во ислам во знак на протест поради имиграциската политика на претседателот Доналд Трамп.

– Воспитана сум како католик, потоа преминав во Епископалната црква, потоа открив дека еврејската вера е моето семејство. Сега сум подготвена да преминам во ислам во знак на солидарност. Добродојдовте бегалци – напиша Олбрајт на „Твитер“.

Таа додаде дека САД треба да останат слободни за луѓето без оглед на нивната вера и потекло.

Трамп вчера потпиша указ за заострување на имиграциската политика и граничната контрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top