Промоција на 41 дело од четирите проекти од областа на литературната и издавачката дејност: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“, „Најпознатите битки и војни во светската историја“, „Автобиографии, биографии и мемоари на светски познатите личности од повеќе општествени сфери“ и „Превод на значајни остварувања од областа на спортот и здравиот живот“ се одржа вечерва во Македонскиот народен театар.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека има 20 нови наслови од издавачкиот проект „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ кој, како што рече, со најзначајните сознанија и вредности обликувани во историјата на општествената и хуманистичката мисла од антиката до денеска го збогатува едукативниот процес кај нас.
– Оваа едиција има повеќекратна корист, таа е квалитетна научна литература за студентите, постдипломците и докторантите на Филозофскиот и другите сродни факултети од хуманистичките науки. Нашата интелектуална ризница е збогатена со 9 дела од областа на филозофијата, 6 од областа на историјата и 5 наслови од областа на психологијата, рече Канческа-Милевска.
Според неа, новите три наслови од едицијата „Познатите битки и војни во светската историја“ се од особено значење не само за историчарите туку и за сите граѓани заинтересирани за глобалните гео-политички текови. Овие книги, како што рече, кои се збогатени со голем број фотографии, карти и цртежи се сликовит приказ на настаните кои оставиле длабоки траги во светската историја.
– Ги презентираме делата „Судирот на цивилизациите и пресоздавањето на светскиот поредок“ на Семјуел Хантингтон, делото „Француската револуција: Верба, желба и политика“ на Ноа Шустерман и изданието „Александар: Историја на потеклото и растот на уметноста на војувањето од најраните времиња до битката кај Ипсус, 301-та година пред нашата ера“ на Теодор Ајраулт Доџ кое е своевидно патување низ ерата на Александар 3 Македонски, првиот космополит и најголемиот освојувач на сите времиња, истакна Канческа-Милевска.
На читателите им се достапни и 10 дела од едицијата „Автобиографии, биографии и мемоари на светски познати личности од повеќе општествени сфери“. Меѓу нив има книги за Исак Њутн, Галилео, Фарадеј и Максвел, Конфучие…
Од едицијата „Во светот на спортот и здравиот живот“ промовирани се осум нови изданија.
– Еден од најголемите предизвици при реализацијата на овие значајни капитални проекти кои ги обединија сите релевантни интелектуални сили во нашата држава, беше афирмацијата на македонскиот јазик и неговиот лингвистички потенцијал, потенцира Канческа-Милевска.
Проф. д-р Виолета Ачкоска, еден од промоторите на книгите, се осврна на околу 20 наслови посветени на различни периоди и настани од минатото на човештвото.
– Книгите претставуваат извонредно шаренило според методолошкиот пристап и нивната форма. Се работи за богатство на историски четива. Пред нас имаме своевиден трезор на сериозни историографски трудови, преведени на македонски јазик, рече Ачкоска.
Според професорката Александра Жежова, книгите од областа на психологија со психоанализа се лесни за читање и се пишувани од големи визионери и мислители.
На промоцијата на книгите во МНТ присуствуваа професори, преведувачи, лектори и редактори кои беа вклучени во проектите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст