Тринаесет српски граѓани, осомничени за подготвување на државен удар во Црна Гора на денот на парламентарните избори на 16 октомври, се договорија со Обвинителството и ја признаа вината. Според црногорскиот весник „Побједа“, поголемиот број од осомничените потпишале договор и набрзо ќе бидат изнесени пред суд, но Обвинителството не сака договор со Братислав Дикиќ, поранешен началник на српската жандармерија, кој е осомничен за координирање на дејствијата на групата.
Ако договорот со Обвинителството биде одобрен од Врховниот суд, 13 обвинети ќе добијат затворски казни од три до пет месеци. На денот на парламентарните избори во Црна Гора уапсени беа 20 државјани на Србија, меѓу кои и Дикиќ, под сомнение дека подготвувале терористички напади.
На шести ноември главниот специјален обвинител на Црна Гора, Миливое Катниќ изјави дека група државјани на Србија, на Црна Гора и на Русија се обиделе да извршат терористички напад на 16 октомври. Според него, организатори на групата биле руски националисти, кои сметале дека власта не може да биде сменета на избори и затоа треба насилно да биде сменета.
При истрагата обвинети се двајца руски државјани поради финансирање на обидот за државен удар и за планирање на атентат на тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст