| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството затворило приватна клиника: Маж отишол да се подмлади, едвај му го спасиле животот

kosac

Приватната специјалистичка ординација во Макарска Доктор Глушац, во која се правеле и естетски зафати била затворена од Минитерството за здравство на Хрватска заради утврдена низа направилности во нивната работа. Ординацијата била затворена цели три месеци откако решението за тоа било донесено, затоа што единствениот вработен и сопственик докторот Бранко Глушац наводно никогаш не го добил.

Проблемите за докторот кој немал вработен анестезиолог кај себе започнале откако минатата година тој изведувал операција на очните капаци, подбрадокот и носот на еден 60-годишен пациент кој се решил да подлегне на естетска корекција, а тој најверојатно го направил со локална анестезија, јавуваат хрватските медиуми. Несреќниот пациен зафатот за малку не го платил со својот живот откако во текот на процедурата неговата состојба се влошила до тој степен што З.В. со возило на Итна помош бил пренесен во Клиниката во Сплит. За среќа таму успеале да му го спасат животот по што почнала постапката за проверување на професионалноста и условите во кои работела приватната клиника Докот Глушац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top