А ако ја добие бараната цена, што и не е невозможно, се работи за куќа којашто ќе биде убедливо најскапо продадената куќа во САД и тоа за повеќе десетина милиони долари.
Маковски вели дека од вилата којашто се простира на 3.500 квадратни метри буквално „течат” единствено само квалитет и луксуз, а истата може да си ја дозволат околу 3.000 најбогати Американци.
Како што вели самиот, изградбата на објектот траела четири години, а тој веќе и лично разговарал со половина од потенцијалните купувачи. Маковски вели дека куќата е „неверојатно луда”, а еве и што се се наоѓа на имотот и што се пристига во пакетот:
● 12 спални соби
● 21 бања
● Три кујни
● Пет барови
● Хелиодром (хеликоптерот е вклучен во цената)
● Ексклузивен поглед на Лос Анџелес
● Гаража во којашто се наоѓаат луксузни возила вредни 30 милиони долари
● Седум-члена послуга платена за период од две години
● Кино со 40 места
● Базен со бар и мини-кино сала
● 130 уметнички дела и инсталации
● Куглана со четири патеки
● Фитнес центар, спа и студио за масажа
● “Ѕид со слатки” вреден 200.000 долари
● Десетина мотоцикли
● Телевизор со дијагонала од девет метри
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.