Во анализата насловена „George Soros – The ‘God’ who should be jailed“ (Џорџ Сорос- „Богот“ кој што треба да биде сместен во затвор) директно се повикува на апсење и затвор за Џорџ Сорос.
-Џорџ Сорос, кој самиот се доживува како Бог и има намера да го реизгради светот, е Господар на хаосот кој се стреми за светски поредок кој што е демонски, а не божествен- се наведува во анализата, каде се повикува на призанието на Сорос во неговата книга „Алхемија на финансиите“ од 1987 година.
“Признавам дека секогаш сум негувал претеран поглед кон моето значење – отворено да кажам, си се допаѓав како некој вид на Бог.” Пишува Џорџ Сорос во неговата книга. Во тој контекст, во анализата се додава дека не треба да се потпаѓа на неговата употребата на глаголи во минато време, што треба да создаде привид дека неговиот психолошки божествен комплекс и нарцизам се надминати и дека милијардерот созрел во трите децении откако е напишана книгата. Тоа не само што е лажна претпоставка, туку и 86 годишниот берзантски шпекулант со секоја измината година е се повеќе мегаломан.
Како доказ се посочува дел од интервјуто на Сорос дадено за британскиот “Индепендент“ во 1993 година, каде Сорос вели дека “Иако е вид на болест, кога се доживуваш како некој вид на Бог, креатор на сѐ, но јас се чувствувам комфорно уште откако почнав да го живеам“.
Овој хеџ-фонд могул откако почнува „да ги живее“ своите фантазии, понекогаш издигнувајќи се себе си во вистински „Бог“. Самиот Сорос неколку јавно посочи дека неговите натприродни атрибути вклучуваат малку повеќе од лудило.
-До моите фантазии за тоа дека сум Бог, имам многу силни фантазии дека сум луд- вели тој за британска телевизија, каде додава дека всушност неговиот дедо бил параноиден „Има многу лудило во моето семејство. Досега го избегнувам“, додава Сорос .
Но, дали лажливиот милијардер навистина го избегнал лудило, прашува „Њу Американ“. За неговиот биограф, Мајкл Т. Кауфман, Сорос посочил дека тој се смета за “совеста на светот.” И тој троши милијарди долари за преправка на светот според неговите фантазии. Ако напуштен бездомник се прогласи дека е самиот Бог и совеста на светот, тој ќе биде игнориран, избегнуван или затворен; а на лудак со богатство и моќ го воздигнуваат и му се додворуваат.
Римските императори Нерон и Калигула се познати по нивните убиствени мегаломанија. Си беа доделиле статуси на Бог, но владееле како пореметени демони. Сорос ги нема нивните диктаторски овластувања, но тогаш, пак, тие не го поседувале неговото богатство и глобално влијание, анализира медиумот „Њу Американ“, кој додава дека намерата е да се „испитаат некои од огромните активистички мрежи и политички кампањи кои ги финансира Џорџ Сорос“.
Секако дека супер-богатите треба да имаат еднакви права како и сите останати кога учествуваат во политичкиот систем кој нѐ управува. Но Сорос се чувствува перфектно комфорен да работи и во и надвор од законот за да се уништи (тој ќе рече: да се реформира) политичко- економскиот систем. Во својата книга „Сорос за Сорос“, идниот Бог вели: „Јас не прифаќам правила наметнати од други“. По толку години оперирање под имунитет, тој стана толку безобразен, што не само што не се грижи за нелегалноста, туку ниту за неморалноста, наведува „Њу Американ“ и додава: „Според наше мислење, како први докази за криминалната активност на Сорос и оние кои ги финансира се доволни за да се побара официјална истрага- од Конгресот, американското министерство за правда и од обвинителството“. Бидејќи граѓаните немаат истражни овластувања, овие институции имаат обврска да ги преземат околу моќните интереси кои го корумпираат и поткопуваат владеењео на правото во САД и загрозување на слободите до кои се држиме. Во најмала рака, Даночната управа, која неодамна им ги одби барањата за непрофитабилност на три организации- може да го одземе статусот за ослободување од данок на Соросовите огромни фондации, или да ги присили да го затворат финансирањето на радикалните групи. А доколку федералните власти применат само дел од ревноста употребена за проширувања на прогонот кон конзервативен аналитичар Динеш Д’Соуза (обвинет за нелегална донација за кампања во 2012 г.) , Сорос „Богочовекот“ би можел да заврши и во затвор.
Организирање на хаосот
Во делот на анализата посветен на „Организирање на хаосот“, се наведува дека Сорос има голем удел во Black Lives Matter, организацијата која наводно застапува правата на афроамериканците. Њу Американ потсетува дека уште во 2014 година навеле дека зад оваа организација стојат три три црномурести марксистки, идолопоклоници на „комунистички терористи“. За нив, секако дека има големи пари од Сорос, а истрагата на Вашингтон Тајмс посочува дека за таа мрежа се одделени 33 милиони долари. Форд фондацијата, како спонзор со децении на револуции, објави дека има намера да им додели над 100 милиони долари. Во текстот се додава дека се користени платени демонстранти, според теориите на марксистичкиот стратег Сол Алински, кои треба да ја истакнат масовноста на протестите. Медиумот додава дека во 2015 година платните активисти од Фергусон потоа демонстрирале бидејќи не им биле исплатени ветените пари како што им било ветено, бидејќи организацијата ги потрошила на рекламни материјали, бензин и други потреби. Но каде пристигнале парите? Вашингтон Тајмс пронашле линк од Соросовиот фонд за реформи во полицијата во 2014 година кој изнесувал 5,4 милиони долари, од кои скоро половина се пренасочени во Фергусон за организациите ОБС (OBS) и МОРЕ (MORE) организации за платени активисти. Значителен примател на пари од Сорос е и „Колорлајнс“, интернет медиум кој помогнал движењето во Фергусон да се рашири низ државата.
Подготвеност за бунт
Демонстрациите и немирите против Трамп пред и по неговиот избор за претседател го следи овој модел, виден од Окупирај го Волстрит, преку „Black Lives Matter“ (БЛМ) до оние за отворени граници „Dream Act/Open Borders“. Не само што тактиката е иста, туку и тоа се истите групи и индивидуалци кои привидно спонтано се појавуваат во организираниот хаос.
Дали и „Не и мој претседател“ (Not My President) демонстрантите нелегално ги блокираа улиците и автопатиштата, фрлаа Молотови коктели, уништуваа имот , цртаа графити по објекти по изборот на Трамп се изнајмени демонстранти? Постои добра причина да се верува во тоа, додава Њу Американ. Не само што БЛМ и MoveOn.org се видно вмешани, туку и соросовите платени групи како Washington Community Action Network (Washington CAN) огласија вработување за борба против Трамп за плата од 15 долари на час со сите бенефити, пишува Њу Американ.
Црни пари за кампања
Според анализата на Center for Responsive Politics, Џорџ Сорос дал 19,5 милиони долари донација во последниот изборен круг. Тоа не ги вклучува фондовите за непрофитабилни групи и активисти, кои официјално не поддржуваат определен кандидат, но активно се вклучени во нивните кампањи.
Лицемерието на Сорос го достигна врвот кога станува збор за црните пари, за што левичарските медиуми постојанон ги поврзуваат со оние кои се конзервативно ориентирани. Во последните две децении, Сорос го предводеше и финансираше движењето за „ реформи за финансирање на кампањата“. Истовремено со неговата „осуда на коруптивното влијание“ на парите во политиката, тој беше пионер на финансирањето на „Групите 527“ (според членот 527 од даночниот закон), кои можеа да подигнат неограничени средства за политички кампањи. Тој ја формираше Демократската Алијанса, во која милијардери и милионери можеа да истураат пари за нивниот кандидат и цели, се додава во анализата.
Корумпирање на американската влада
Во 2005 година аналиичарот Стив Инскип од Националното јавно радио нагласи дека Сорос е „опишан како единствена индивидуа која има сопствена надворешна политика“. Тој му забележа на Сорос дека „Узбекистан, Институтот Отворено општество всушност добива грантови од американскиот Стејт департмент и троши милиони долари на американската влада за различни програми“. Тоа беше во времето на Џорџ Буш, но тоа не е изолиран инцодент кој продолжи уште полошо со претседателствувањето на Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон. Лесно е да се биде „филантроп“ кога трошиш туѓи пари- во случајот пари на американските граѓани, додава Њу Американ.
Сорос на ист начин ги киднапира американските владини политики,( не со сила, туку со дослух) во Украина, Египет, Албанија, ЕУ и на други места, со катастрофални резултати. Тој се наведува како една од главните сили кои стојат зад несреќната „бегалска криза”, која ја поплави Европа со цунами од муслимански доселеници – и што се заканува да се случи и овде (во САД), благодарение на заговорот на Сорос – Обама-Клинтон-Кери заговор. Извештајот од мај 2016г. на Меѓународниот институт за миграција (ИМИ), официјален проект на Фондација отворено општество СОРОС, требаше да обезбеди средства за финансирање на „Сатерленд Извештај“, копија на катастрофалниот план за миграција во Европа напишан од милијардерот сер Питер Сатерленд од Голдман Сакс, сега специјален претставник за меѓународната миграција на генералниот секретар на ОН. Во истиот извештај напишан од врвот на ИМИ, делот насловен како „Управување и спроведување“, повикува на „прифаќање на актуелната криза како нова нормалност“. Сорос, исто така, го финансира Columbia Global Policy Initiative (CGPI) на Универзитетот Колумбија, кој е домаќин на секретаријатот за канцеларијата за миграција на ОН на Петар Сатерленд, се додава во анализата.
Медиуми „Ехо комори“
Како ли еден Џорџ Сорос успева да се извлече со ова? Очигледно, неговите милијарди му купуваат многу влијание. Еден од главните клучеви за успехот му е „тефлонскиот штит“ кој му го обезбедува воспоставувените корпоративни медиуми, кои делуваат како негова „ехо комора“. И тоа според дизајнот. На 27 Септември 2007 година, во имеил од Џон Подеста до Сорос, Петар Луис, Стив Бинг и други левоориентирани милијардери, Подеста ги наведени неговите планови за претворање на големата мрежа што тие ги финансираат, во „ехо комори“ медиуми кои „ќе го контролираат политичкиот дискурс“. Во тоа време, Подеста беше претседател на Соросовиот „Центар за американски прогрес“. Од таа позиција замина да биде претседател на кампањата на Хилари Клинтон.
Неколку илјади пробиени имеил пораки објавени од Викиликс и ДиСиЛикс (DCLeaks) обезбедуваат голем број на инкриминирачки докази за да се оправда поведување на цела серија на истрагите за Господарот на хаосот. Не е изненадување што контролираните медиуми речиси целосно го игнорираа овој извор, поттикнувајќи насловна страница на Бизнис Дејли на 19 септември со наслов „Бизарното медиумско затемнување на хакираните документи за Џорџ Сорос“.
Навистина бизарно, додава анализата на Њу Американ. Сепак, ќе биде полошо од бизарно доколку избраните и именувани функционери ги избегнат своите обврски за истрага и прогон на „злосторниците со големо богатство“, што го поткопуваат општеството, претставувајќи се како негови спасители, анализира Њу Американ во текстот посветен на Џорџ Сорос– „Богот“ кој што треба да биде уапсен и затворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.