| четврток, 6 декември 2018 |

Голем ден за нацоналната безбедност: Што подготвува Трамп?

Новиот американски претседател на САД, Доналд Трамп за денеска најави „голем ден за нацоналната безбедност“и изградба на ѕидот со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска веројатно ќе потпише извршни укази за изградба на ѕид долж границата со Мексико, за времена забрана за влез на бегалци во САД и прекин на издавањето визи за граѓани од Сирија и уште шест блискоисточни и африкански земји.

Трамп доцна синоќа на Твитер напиша: „Утре претстои голем ден за националната безбедност. Заедно со многу други работи, ние ќе го изградиме ѕидот!“. Со тоа Трамп ќе го исполни едно од главните предизборни ветувања.

Според весникот „Вашингтон пост“, американскиот претседател ќе ги потпише указите на средба со високи функционери од Министерството за внатрешна безбедност.

Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека оваа недела Трамп ќе се осврне на нелегалната миграција, забранувајќи прием на бегалци од Сирија и други „земји со муслиманско население, кои се склони кон тероризам“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top