| четврток, 6 декември 2018 |

Признанија за првите девет старт-ап компании од Фондот за иновации

fond-za-inovacii-470x280

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе им додели признанија на првите девет старт-ап претпријатија за успешно завршени проекти.

На доделувањето, како што е најавено, ќе се обратат директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска и претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Фондот за иновации и технолошки развој во претходните три години поддржа 37 претпријатија во реализирање на нивните иновативни решенија и во јакнење на нивните капацитети за истражување, развој и деловно управување. Фондот и неговите инструменти се наменети за иновативните претпријатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top