| четврток, 6 декември 2018 |

Што мажите прво забележуваат на вашиот Фејсбук профил?

мази

Она што некогаш се дознаваше за потенцијалните партнери во првите неколку излегувања, сега со неколку клика може да се дознае на социјалните мрежи. Фејсбук е идеално место каде вашиот потенцијален партнер може да дознае детали за вас, а кои можеби не би му ги кажале во првите неколку состаноци.

Ги гледаат вашите фотографии од летувањата
Фотографиите од летните одмори можат многу да откријат за вас. На тие фотографии прво ќе добијат увид за вашата фигура, а во истовреме ќе ве видат и без шминка и фотошоп.

Вашите омилени места
Друштвените мрежи исто така ги откриваат и вашите омилени места. На мажите денес не им е тешко да ги следат активностите на жените: со самите статуси и фотографии повеќе од јасно им е каде се движите, кои се вашите омилени места. После неколку “check-in”, немојте да се чудите ако го сретнете момчето кое сака да ве освои и немојте да мислите дека тоа е баш некаква случајност.

Подготовка за разговор
Фејсбук е одлично место да се информира за вашите интереси. На вашиот профил ќе провери се што вас ве интересира, со што се занимавате, каква музика слушате и кои филмови ги сакате и уште многу детали за вас. Така што немојте да се чудите кога ќе ја спомене книгата која моментално ја чита, а таа е вашата најомилена книга? Или доколку ве повика на концерт на вашиот омилен бенд, а тоа воопшто не сте му го споменале. Но, тоа не е лошо. Едноставно значи дека му се допаѓате и дека се труди да ве освои.

Бивши момчиња
И додека овие детали се дознаваа на некои од првите состаноци, сега наместо да ве праша, се убаво ќе провери на Фејсбук. Така ќе делува како да му е сеедно, а сепак ќе ги добие сите информации.

Машки пријатели
Многу мажи тешко се носат со вашите машки пријатели па колку и да се трудат неможат да ја сокријат љубомората. Затоа секој коментар па и лајк на вашиот Фејсбук од страна на вашите машки пријатели ќе предизвика реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top