| четврток, 6 декември 2018 |

Тошиќ ја стопи Карлеуша со романтика (ФОТО)

 karleusa tosic

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ кој десетина години е во брак со сексапилната пејачка Јелена Карлеуша, повторно ја изненади и воедно ја покажа својата романтична душа. Тие секојдневно си искажуваат љубов на социјалните мрежи, а со последната фотографија која ја објави фудбалерот на Бешикташ, потполно ја разнежни атрактивната блондинка.

Душко ја покажа романтиката така што на замаглено стакло ги испиша иницијалите на својата сопруга, популарната “ЈК”. Со овој потег, тој ја воодушеви пејачката, а потоа следуваа бура од реакции од фановите на Јелена, но секако и нејзините коментари не недостасуваа.

456408-toshikj-so-ovaa-fotografija-ja-raznezhni-jelena-karleusha

Карлеуша честопати знае да оди во Турција и да проследи дел од настапите на својот маж, но нејзините патувања во оваа држава се вистинска атракција. Пред неколку месеци, таа со чартер лет замина да го проследени настапот на Душко во Лигата на Европа, а во Истанбул беше пречекана како “грофица” и проследена на арената “Водафон”, каде што голем број фанови не го одвоија погледот од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top