| четврток, 6 декември 2018 |

Судир кај „Тобако 2“, повредени две лица (ФОТО)

Две лица се повредени во сообраќајната незгода што денеска во 12:05 часот се случила на раскрсницата кај трафиката „Тобако 2“.

Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, во сообраќајката учествувале три возила, „мерцедес“, „опел“ и „пежо“, сите со скопски регистерски таблички, кои се судриле на раскрсницата меѓу булевар „Јане Сандански“ и ул.„Кузман Јосифовски-Питу“.

Полицискиот увид е во тек.

Двете лица кои се пожалиле на повреди се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

 

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top