Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека дава оставка на стотина позиции во своите компании, покажува документ што го приложи неговата организација. Во документот на 19 страници пишува:
„Јас, Доналд Џ. Трамп, со ова давам оставка на сите позиции што ги држам“ и наведени се повеќе од 400 фирми.
Писмото го потпишал на 19 јануари, ден пред да ја даде заклетвата како 45. претседател на САД.
Шон Снајсер, портпарол на Белата куќа, изјави во понеделникот дека двајцата негови постари синови, Доналд Помладиот и Ерик, ќе раководат со компаниите.
Адвокатот на организацијата на Трамп, Алан Гартен, изјави дека организацијата вработила и советници кои ќе се занимаваат со етички прашања и правна регулатива, но, сепак, независни сручњаци за етика сметаат дека Трамп требало да им ги остави фирмите на независни менаџери кои ќе ги контролираат фирмите без негово знаење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.