| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски денес се среќава со Филе

Никола Поповски, министерот за надворешни работи на Република Македонија од утрово ја започнува својата дводневна посета на Брисел, при што главно ќе му биде средбата со комесарот за прожирување Штефан Филе во 11 часот.

Тема на разговор на Попоски и Филе се очекува да биде македонската евроинтеграција и се поизвесните шанси за добивање на датум за почеток на пристапните преговори во ЕУ. Пред состанокот со Филе, министерот ќе разговара со европратеникот Николаи, а освен со него, и со Ричард Ховит, известувач од ЕП за Македонија, Јорго Шацимаркакис, Кирилов, Ковачев и Кастлер, сите припадници на европскиот законодавен дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top