| четврток, 6 декември 2018 |

Во тешка сообраќајна несреќа кај Штип повредено 15-годишно момче

soobrakajna

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила во близина на гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. Несреќата се случила кога се судриле патничко моторно возило „југо“ и мопед, пренесува „Канал 77“.

Според информациите на „Канал 77“, тешки повреди заработило 15-годишно момче, кое било сопатник на мопедот. Момчето веднаш било пренесено од штипската клиника во една од скопските клиники.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top