Возрасен човек воскреснал на сопствениот погреб. Настанот се случил во кинеската провинција Сечуан, пренесува esoreiter.ru.
Лекарите констатирале дека 75-годишниот маж починал, откако неговото срце престанало да бие и немал никакви знаци на живот.
Сепак човекот на патот кон гробиштата се разбудил, окован во дрвен сандак. Кога пред гробот роднините го кренале капакот, возрасниот маж го прашал својот син: Зошто ме погребуваат? и изгубил светс. Неговите блиски побрзале да го ослободат од ковчегот и да го одведат дома.
Неколку дена по обидот за погреб, дедото закрепнал и сега се чувствува поздрав од претходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.