| четврток, 6 декември 2018 |

Горивата намалени за половина до еден денар

Малопродажните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата од денеска се со нови цени.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалени од половина до еден денар.

Еуросупер БС-95 се продава по цена од 66 денари за литар, Еуродизелот за 52,5 денари и Екстра лесното за 41 денар. Кај овие горива намалувањето од актуелните цени е еден денар, додека цената на Еуросупер БС-98 е половина денар и изнесува 68,5 денари за литар.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесуваше 54,2 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 57,93 денари за долар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top