САД го оценија како глупост тврдењето на Русија дека нејзини авиони летале заедно со американските во заедничка мисија со коалицијата предводена од американската армија во борба против Исламска држава.
Според руското Министерство за одбрана, руската армија во Сирија вчера добила координанти од позициите на ИД во близина на градот Ал Баба. Два руски воени авиони денеска заедно со два авиони на коалицијата предводена од САД нападнале цели и уништиле неколку магацини со оружје и муниција и депо со гориво.
Портпаролот на американските возухопловни сили и на коалицијата Џон Доријантврдењето на руското Министерство за одбрана го оцени како пропаганда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.