| четврток, 6 декември 2018 |

Еврозоната ја деблокира помошта за Грција

Еврозоната денеска објави дека го деблокира олеснувањето на грчкиот долг, откако беше привремено блокирано под притисок на Германија.

Европскиот стабилизациски механизам, орган на еврозоната задолжен за контрола на грчкиот долг, даде зелено светло за краткорочни мерки што значи дека истите брзо ќе бидат преземени.

Еврозоната даде согласност за мерките за олеснување на грчкиот долг на петти декември во замена за регорми, но на 14 декември, на барање на Германија, главен кредитор на Грција, мерките беа блокирани.

Блокадата уследи откако грчкиот премиер Алексис Ципрас на социјалните мрежи објкави дека новите социјални мерки се однесуваат на малите пензии и зголеммување на данокот на додадена вредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top