| четврток, 6 декември 2018 |

Ненаситни соросоиди: Платите од 3.600 евра месечно биле недоволни, вели Павле Богоевски од СДСМ

Платата од 3.600 евра месечно е премала за дејци како Владе Милчин, кога е во прашање се низ што поминал поранешниот директор на Сорос Македонија – ова е ставот на екс-вработениот во Соросовите невладини, а денес пратеник на СДСМ, Павле Богоевски.

Неодамна во јавноста проструија информации за висината на платите на поранешниот и сегашниот директор на Сорос во Македонија, кои наводно се движат меѓу 3.400 и 3.600 евра месечно, односно повеќе од 10 просечни македонски плати.

Но, тоа за Павле Богоевски не е доволно. Според него за сето она што за Македонија го правеле Владе Милчин и Фани Каранфилова-Пановска, биле и премалку платени:

„Без да навлегувам подлабоко, ќе кажам дека – имајќи предвид низ што се’ поминаа и поминуваат Владимир Милчин и Фани Каранфиловска –Пановска, мислев дека земаат повисоки плати од сумите кои ги објави курир. И мислам дека заслужуваат.“

pavle-nova

Разбирлив е површниот пристап на Богоевски бидејќи доколку навлезеше подлабоко ќе требаше да објасни дали под „се низ што прошле“ мисли на голготата низ која минал Милчин кодошејќи величини како Ристо Шишков, десетиците милиони грантови кои ги поделил на невладините поданици на Сорос/СДСМ или улогата на дежурна жртва и репресиран од системот, со месечна плата од 3,600 евра и неброено многу претстави кои ги режирал без никаков проблем во време на она што го нарекува режим.

Ако пак Богоевски подлабоко навлезеше во голготите на Фани Каранфилова-Пановска, ќе требаше да си ја плука довчерашната претпоставена, односно себеси – имајќи предвид дека беше дел од невладината пешадија на Сорос која го окупира граѓанскиот сектор и го стави потполно во служба на СДСМ и Зоран Заев.

Соросовите невладини беа меѓу главните експоненти на платеничката „револуција“ која имаше за цел да ги одработува задачите зададени од СДСМ прикажувајќи наводно автентично граѓанско движење на кое СДСМ подоцна ќе му се приклучи и ќе направи широк фронт за рушење на власта.

sarena-revolucija-catal-12-696x460

Она што денес е совршено јасно, откако шарените патеници станаа пратеници, е дека сето тоа беше провидна претстава која ако излажа некого тогаш, денес нема дилема дека шарениот циркуз беше дело на СДСМ од самиот почеток па се до крај, кога со автобуси носеше луѓе на собирите на „револуцијата“. Притоа беа осквернавени бројни споменици на историјата на Македонија и македонската државност, уништен државен имот и направена штета од стотици илјади евра.

Богоевски сега сака да го прикаже како херојски чинот на финансирање на невладини организации кои ќе се користат како пешадија на политичките игри на СДСМ, па затоа за него месечната плата во висина од десет просечни плати која ја зема директорката на Сорос не е доволна и требало да зема повисока.

Којзнае колкава плата Павле смета дека треба да зема самиот тој, имајќи предвид се што направил за Македонија уништувајќи државен имот и споменици во насилните протести во кои немаше повредени протестирачи, но имаше речиси 50 повредени полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top